Промо
94-те Оскари в недела ексклузивно на МРТ
Македонската Телевизија ексклузивно ќе го емитува 94-то доделување на Оскарите в недела, 27-ми март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2021 година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ 10, а по седум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.
На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Најавени се Ентони Хопкинс, Хали Бери, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џиленхол, Шон Мендез и многу други. Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ќе ги изведат номинираните оригинални филмски песни.
Ќе има сегмент посветен на 60 години од првиот Бонд филм и 50 години од снимањето на филмот „Кум“.





