Промо
Марија Мирковиќ, поранешната Фрајла, храбро ја турка соло кариерата со врвна продукција
Во една прилика изјави дека радоста од создавање музика и музичките соработки се нејзино погонско гориво, а во последната година тоа и во целост го потврди. Марија Мирковиќ која музичката кариера ја почна како дел од Фрајле, за кои ги напиша и некои од нивните најголеми хитови, во неполна година соло кариера ниже успех по успех.
Сега на јавноста ѝ се претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и музиката. Композицијата и овој пат е нешто во чии зборови многумина ќе се препознаат, а Марија и сега го стави својот препознатлив музички печат.
Новиот сингл е резултат на соработката со тројца продуценти, а тоа се искусниот Драган Брнас и младиот двоец 8bit, зад кој стојат Рандо Стипишиќ и Лука Мрдуљаш.




