
Промо
„Spring Jazz“: Новата музичка приказна на Мишел Трајковски и Маестро Дамир Имери (ВИДЕО)
Новиот музички проект на Мишел Трајковски, под името „Spring Jazz“, е повеќе од само композиција – тоа е спој на стилови и музички таленти. Во овој проект, Трајковски музицира заедно со познатиот маестро Дамир Имери, чии фраерски џез моменти ја збогатуваат композицијата и и даваат нова димензија.
„Spring Jazz“ е најава за новиот инструментален албум на Мишел Трајковски, кој ќе вклучува големи музички имиња од балканската сцена. Оваа 4-минутна етно-џезерска композиција ќе ве однесе на музичко патување низ уникатни ритмови и хармонии.
Видео записот за оваа композиција е во режија на Гоце Трајковски, а камера оператор е Николаи Грнчаров. „Spring Jazz“ не е само музика, туку и визуелно искуство што ја доловува магијата на соработката помеѓу овие два извонредни уметници.



