Промо
ФЕМИНЕМ имаат моќна балада „Има ли нас сутра“ (ВИДЕО)
Феминем, односно девојките кои во 2010 ја претставуваа Хрватска на Евровизија во Осло со темата „Лако је све“, имаат нова песна.
Моќната балада со наслов „Има ли нас сутра“ авторски ја потпишуваат Бранимир Михаљевиќ (музика и аранжман) и Ненад Нинчевиќ (текст) веќе е пуштена во етерот, а нејзината љубовна порака на многумина ќе им изнуди солзи. Свесни за тоа се и девојките од Феминем кои веруваат дека токму оваа песна на многумина ќе им биде избор за првиот свадбен танц.
Во видеото чија режија ја потпишува Сандра Михаљевиќ, Неда, Памела и Ника се како самовили, а улогата на идната невеста ѝ припадна на Неда.




