Промо
H&M Move заедно со Златан Ибрахимовиќ го повикуваат светот на движење
Со голема возбуда му посакуваме добредојде на Златан Ибрахимовиќ во тимот на H&M Move. Светски познатиот шведски фудбалер ќе му се придружи на брендот во иницијативата за придвижување на светот преку демократизирање на спортот. Златан ја започнува својата долгорочна соработка со H&M Move како глобален бренд амбасадор со кампања која ќе започне во пролетта 2023 година.
Златан Ибрахимовиќ е еден од најголемите напаѓачи на сите времиња и има играно во сите најголеми светски фудбалски лиги. По повеќе од 20 години во професионалната кариера, Златан и ден денес е дел од нападот на италијанскиот шампион Милан и е најдобар стрелец на сите времиња во шведската репрезентација. Но, тој е исто така и татко, планинар, кој зборува пет јазици и има неверојатна страст за таеквондо. Златан е секогаш активен и голем љубител на спортот и движењето.
„Често се чувствувам како да бев оневозможен да се движам како останатите додека растев. Момчињата и девојчињата кои растат во слични услови како мене треба да можат да ја носат облеката која ја носат професионалните спортисти. А H&M се залага токму за тоа. Силно верувам во мисијата на брендот со која сака да им даде шанса на сите да се движат како професионалци. Бидејќи движењето дефинитивно го промени мојот живот“





