Промо
ФХ3Х во третата сезона на Star Trek Discovery
По успешната соработка на првите две сезони од серијата Star Trek Discovery, ФХ3Х ја заврши работата на третата сезона, во која работеше од четвртата до тринаесеттата епизода.
Третата сезона на оваа популарна американска серија го следи екипажот на USS Discovery во авантури во иднината, скоро еден милениум по настаните во оригиналната серија. Оваа сезона е во продукција на CBS Television Studios и започна со премиерно прикажување на CBS на 15ти октомври 2020, а ќе се прикажува нова епизода секоја недела до 7ми Јануари 2021 година. Во октомври оваа година беше најавена и четврта сезона.
Овој проект ФХ3Х веќе три сезони го потпишува како одговорна за визуелните ефекти, а годинава на одјавната шпица, покрај ФХ3Х и Канадскиот филмски фонд за подршка, се појавува и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, за продукциската поддршка. Ова е прв пат Агенцијата за филм да се потпише на проект од највисоката А продукција и самото појавување ќе привлече многу внимание во Холивудските продукциски компании.




