Александра Јанева промовира деби-албум со хумана цел
Поп-пејачката Александра Јанева го промовира својот деби-албум „Срце отвори“. Албумот е компилација од 13 песни објавени во изминатите седум години од нејзината музичка кариера, почнувајќи со макфестовската „Врати ми го сонцето“.
Продажбата на дисковите започнува од утре, сабота во четири градови, а сите средства ќе бидат наменети за ковид пациенти кои не можат да си овозможат болничко лекување.
„Албумот е готов подолго време и иако никогаш не можеш да знаеш кога е вистинското време за нештата да се случат, јас сум пресреќна што токму сега, кога целото човештво се соочува со најголемите предизвици и најмногу ни треба сплотеност и емпатија, имам можност да го претставам овој симболичен проект пред публиката. Секој може да придонесе за општото добро со она што ќе го даде со отворено срце“





