Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ХИТ ВО НАЈАВА: Алка Вуица се враќа на сцената, и тоа со ЖЕНСКА ХИМНА!

Промо

ХИТ ВО НАЈАВА: Алка Вуица се враќа на сцената, и тоа со ЖЕНСКА ХИМНА!

ХИТ ВО НАЈАВА: Алка Вуица се враќа на сцената, и тоа со ЖЕНСКА ХИМНА!

Славната авторка на многу познати песни, уникатната Алка Вуица после 16 години пауза се враќа на сцената, и тоа како изведувач. Со одличната „Луѓакиња“ („Luđakinja“) Вуица го најавува новиот студиски албум, на кој интересно е дека соработува со Марија Мирковиќ, некогашната членка на бендот Фрајле, која по заминувањето од составот реши максимално да ѝ се посвети на авторската работа.

Токму Марија е дел и од авторскиот тим на темата „Луѓакиња“, односно нејзина е музиката, Алка е текстописец, додека аранжманот е со потписот на Драган Брнас – Фудо. Видеозаписот, пак, го потпишува Жељко Јурешиќ.

Алка за песната вели: „Таа е вистинска женска химна. Тоа е песна која ќе остане и долго ќе се слуша. Со Марија како композитор сум соработувала и порано, но ова е нешто сосема поинакво од она што сме го правеле, прилично е кантавторски и лично. Мило ми е што токму оваа тема е одбрана за прв сингл.“

Песната, инаку е објавена на тројниот албум „13 СМС фестивал 2021“, а Алка ќе ја изведе на 12 јуни на водичката рива, што особено ја радува.

„Луѓакиња“ е еден старо-нов звук на Алка Вуица, звук кој сите го сакавме и едвај чекавме да го чуеме повторно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.