CASUALTY – ултимативен хит во најава на најдобриот македонски диџеј Галоски
Најдобриот македонски диџеј и продуцент со светска кариера Галоски официјално од денес и со уште едно ново издание кое дефинитивно има тенденција да ги собори светските топ листи.
Најновата трака насловена како CASUALTY уште официјално необјавена веќе имаше светска премиера и доби поддршка од најголемите глобални музички имиња од светската EDM сцена како Martin Garrix, Afrojack,Oliver Heldens, Sam Feldt, Bingo Players, Dannic и уште многу други, а веќе е и во топ 3 највртени траки на престижната „1001 tracklists“ листа на глобално ниво.
Casualty e во соработка со композиторите и текстописци од овогодинешната евровизиска песна на Ирска, a е објавена под етикетата на издавачката куќа „Chill Your Mind“ која веќе брои над милион следбеници на дигиталните платформи.




