Промо
ЛЕТЕН ХИТ: Таско и Лина Пејовска со „Неваљала“ ќе го освојуваат Балканот (ВИДЕО)
Балкански хит со српски рефрен – „NEVALJALA“ на нашите Таско и Лина Пејовска издадена од “IDJ VIDEOS”
Нашиот суперстар Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна.
Но, сега за првпат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јасвноста ја запозна на српските „Пинкови ѕвездички“ – убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска.
За оваа соработка Лина ни изјави: „Снимањето на спотот помина топ лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека „ЌЕ ГРМИ“!





