Промо
„Пајак“ – Миленикот на младата генерација со промоција на новиот хит „НОЌВА”
Откако влезе под капата на „Урбан Рекордс“ продукција, младиот и талентиран Пајак непрекинато работи на многу нови проекти и е доста продуктивен изминатите три месеци.
Така веднаш во месец мај ја издаде песната „Dark Side“ – која со два милиони прегледи поминува одлично. Потоа во јуни следуваше „Крај“, а веќе денес ја промовираме „Ноќва“, сите издадени со видеозапис.
„Ноќва“ е нумера во трап стил за која музиката и текстот се на самиот Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.




