Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Најавено 6. издание на филмскиот фестивал „Киненова“

Промо

Најавено 6. издание на филмскиот фестивал „Киненова“

Најавено 6. издание на филмскиот фестивал „Киненова“

Од 27 до 31 октомври ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. Годинава фестивалот се враќа на класичниот формат на одржување во живо, во Кинотека, но сепак ќе продолжи и традицијата од лани, со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ 24.

Отворање на фестивалот, на 27 октомври, ќе се одржи во кино Милениум, и тоа со актуелниот победник на филмскиот фестивал „Карлови вари“, „As far as i can walk“, од српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ.

Оваа година, фестивалот полека се враќа на класичниот формат на одржување во живо, но сепак ќе ја продолжиме и традицијата отпочната од лани со емитување на дел од фестивалската содржина на ТВ24. Немаме намера да се откажеме од овој начин на пласирање на фестивалот, знаејќи го влијанието кое минатата година КИНЕНОВА го имаше во јавноста.

Фестивалот оваа година и покрај намалената светска продукција на филмови и исклучително проблематичната дистрибуција на истите, обезбеди доста концентрирана програма, која ќе им овозможи возбудлива авантура на гледачите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Промо

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.