Промо
НА ЗАЈДИСОНЦЕ: Раде Шербеџија со „Зајди, зајди“ го најави концертот во Филхармонија (ВИДЕО)
Актерот со холивудска слава, Раде Шербеџија, ќе настапи во Скопје на 1 февруари во Македонската филхармонија. Со својот проект „Због тебе, због себе, због других“, Шербеџија ќе ја разбуди носталгијата и емоциите кај публиката со незаборавен репертоар.
Класиките кои ги сака публиката
На концертот ќе се изведат сите времепловски класици, како:
- „Не дај се Инес“
- „Мени се душо од тебе не растаје“
- „Чекај ме“
- „Имам пјесму за тебе“
… и многу други, во изведба на Шербеџија и неговиот оркестар „Западни колодвор“.
Емоции што се паметат
Оние кои некогаш присуствувале на неговите концерти знаат дека тие секогаш завршуваат со бурна и емотивна разделба со публиката. Токму поради ова, настапите на Шербеџија долго остануваат во сеќавањето.




