Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Есмералда“ од Чезаре Пуњи на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари

Вести

„Есмералда“ од Чезаре Пуњи на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари

Еден од најубавите класици на балетската уметност, „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи, ќе биде изведен на сцената на Националната опера и балет на 19 февруари, со почеток во 20:00 часот.

Балетот, инспириран од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” на Виктор Иго, ја раскажува приказната за убавата и страсна Есмералда. Спектакуларната изведба ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан (Ерменија), додека кореографијата ја потпишува Михаил Крапивин (Русија). За раскошната сценографија и костимографија се заслужни Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, а концерт-мајстор ќе биде Јане Бакевски.

Првенци и солисти во главните улоги:

  • ЕсмералдаМарија Кичевска Шокаровска
  • ФебФранциско Хименес Руиз (Шпанија)
  • Флер де ЛисСимона Колиштркоска
  • ГудулаСаша Евтимова, која оваа година слави 25 години уметничка дејност како балетски играч, педагог и кореограф

Во претставата ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Маркетинг

Балетот „Есмералда“, познат по техничката сложеност и емоционалната длабочина, нуди спектакуларни танцови изведби кои ја водат публиката низ приказна за љубов, судбина и жртва. Оваа вечер ќе донесе незаборавно балетско искуство, кое ќе ги поттикне гледачите да размислуваат за силата на човечките чувства и предизвиците на животот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.