Нова песна од BDM ft. Alex V – Летен звук и најава за албум
Sunlight e насловот на новата, петта по ред песна на македонското продуцентско трио BDM, зад кое се кријат Бранко и Дуле Вељановски и Мартин Делимитов. Ова е нивна втора соработка со Alex V, со кого пред една година го снимија хитот Run n’ Hide.
Новата песна на BDM е направена во електронски тропикал-амбиентален звук. Како и претходните песни, испеана е на англиски јазик и е во издание на Paragon Record Label. Музиката и аранжманот ги направија BDM, а текстот го сработија заедно со Аlex V. За песната e снимено видео од страна на Мартин Петровски, а пост продукцијта ja работеше Sky Eye Entertainment.
„Кога со Alex V работевме на претходниот проект, Run n’ Hide, од самиот процес на креирање произлегоа и многу други идеи за кои сметавме дека можат да прераснат во понатамошни проекти. Една од нив е токму Sunlight,“ велат момците од BDM.




