Промо
Песна и спот кој ќе го остават секој Македонец на планетата Земја без зборови! (ВИДЕО)
Вчеравечер во ресторанот Ragusa 360 – Rooftop се одржа спектакуларна промоција на уште една во низата народни песни кои ќе го обединат македонскиот народ.
„Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко парче што ќе остане за навек, како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески.
Домаќин на вечерта беше легендарниот Игор Џамбазов, кој со своето присуство ѝ даде посебна нота на целата промоција.



