Промо
Холивудски сет на снимањето на новиот спот за песната „Ремек дело“ на Лара (ВИДЕО)
Холивуд во Македонија? Колку и да звучи невозможно, екипата која стои позади реализацијата на новиот видео спот за песната „Ремек дело“ на Лара Иванова, со сцени како од холивудски филм, потврди дека се уште постои македонска модерна музика.
Младата и талентирана Лара, и нејзината нова песна „Ремек дело“ проект на Лара, Дарко Димитров и Робин Зимбаков доби видео-спот за кој со сигурност ќе потврдите дека може да се мери со светските музички проекти.
Фузијата на сексапил и уметност, преку брзата промена на кадри и секогаш присутниот фактор на изненадување, го карактеризира овој видео-спот – дело на Ѓорѓи Вацев, како Светски продукт, а во кој Лара уште еднаш го потврди статусот на една од најдобрите млади поп ѕвезди која и овојпат има нов хит. Заедно со училиштето за хип хоп и модерни танци „Break a leg“, кореографија на Миа Ристевска, во видео спотот Лара ја истакна и нејзината танцова способност која мора да признаеме дека е на врвно ниво.





