Промо
Првиот бакнеж ми беше со Бајага: Данијела Мартиновиќ во Еден на Еден (ВИДЕО)
Во весело издание какво што од неа се очекува, Данијела Мартиновиќ ќе ја гледаме во Еден на Еден кај Жаре, во недела, на Канал 5 од 18.30.
„Сите ме знаат како весела и зборлеста, и поради тоа не ме сфаќаат сериозно“, му рече хрватската поп-ѕвезда на Жаре и затоа се обиде да се претстави во едно поинкаво светло. Зборуваше за нејзините две авторски книги, за скокот со падобран, за тоа колку била срамежлива како дете и темпераментна како тинејџерка, за својата сегашна љубов Петар Грашо, и за својата прва љубов.
„Се срамев да одам до трафика само затоа што продавачот беше маж“, откри Данијела и раскажа за својот прв бакнеж, и тоа со Бајага. Но, не вистинскиот Бајага.




