За малку ќе пеев на погрешна свадба: Миле Кузмановски во Еден на Еден
Големиот хит „Не кани ме“, настанал за само една ноќ, а целата приказна за оваа песна ќе ја раскаже Миле Кузмановски во Еден на Еден кај Жаре, во недела, на Канал 5 од 18.30.
„Песната ја добив на касета, само со гитара и со „нанана“. Беше готова за една ноќ“, е дел од оваа приказна.
Почетните стихови на евергринот „Не кани ме“, „Те слушам мирисаш пред мене“ го инспирираа Жаре да му смисли интересна игра на фолк-пејачот. Во неа Миле Кузмановски ќе погодува пијалоци и храна по мирис, со врзани очи.




