Промо
Telekom Electronic Beats ви претставува: Една вечер со Били Ајлиш во живо во Германија
Telekom Electronic Beats, заедно со добитничката на Греми и Оскар, Били Ајлиш, повторно ќе се поврзе со публиката во салата Телеком форум во Бон на 1-ви јуни, откако Били го најави својот прв европски настап во живо пред започнувањето на европскиот дел од нејзината светска турнеја „HAPPIER THAN EVER, THE WORLD TOUR“.
На ова специјално шоу, Били – една од најголемите ѕвезди коишто се појавија во 21 век – ќе настапи со нејзиниот брат ФИНИЈАС во седиштето на Дојче Телеком во Германија, каде што ќе отсвират песни од нејзиниот мулти-платинест првенец „WHEN WE ALL FALL ASLEEP, WHERE DO WE GO?, како и од нејзиниот втор албум „Happier Than Ever“, којшто ги освои светските топ-листи.
„Посебно е чувството кога настапувам на сцена и многу сум среќна што по толку долго време повторно ќе можам да се поврзам со моите обожаватели во Европа,“ вели Били Ајлиш.




