
Промо
Традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“ и годинава ќе ја заживее Старата скопска чаршија
Во старото градско јадро на Старата скопска чаршија на 13, 15, 16 и 17 септември ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел, веќе неколку години, е да ја заживее чаршијата преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети.
„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација, која годинава се одржува по 14-пат, со идеја да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини. Таа придонесува кон континуираните активности на градот Скопје и Културно-информативниот центар – Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.
Како и секоја година, така и ова, програмата ќе биде богата и разновидна. Ќе има ликовни колонии, театарски претстави, филмови, стенд ап комедија, литература, концерти од различен жанр на музика: народна, џез, рок, опера, забавна… на плоштадите, улиците на Старата скопска чаршијата, на Скопското кале, во Куршумли Ан, Сули Ан….



