Промо
Згодната Луна го промовираше нејзиното првенче „Куш“ (ВИДЕО)
Таа е дива, нескротлива, таа е сензуална и секси, впечатлива, ексцентрична и со стил… Таа е се, само обична не.
Запознајте ја дваесет и едно годишната убавицата Луна, вториот женски артист на Урбан Рекордс, кој ветува многу – Луна веќе го промовираше нејзиниот прв сингл „Kуш“, на YouTube каналот на Урбан Рекордс. На овој видео спот му предходеше едно неофицијално и необично видео на Тракер што претставуваше најава за нејзиниот официјален прв спот. Во претходното видеото можевме да видиме како Тракер и Луна сериозно се подготвуваат за снимањето на првиот видео запис на Луна и едно големо добредојде на Луна во фамилијата на Урбан од останатите членови.
Приватно Луна е инструктор по скијање, и во моментот па се до месец март работи во еден од најпопуларните зимски центри во регионот – Копаоник, соседна Србија. Деновите поради обврските околу спотот и промоцијата таа е на релација Скопје – Копаоник.




