
Промо
„Жените во медиумите“ – започнува 5-то издание на Медиумскиот фестивал Скопје
Вечерва во 20 часот започнува петтото издание на Медиумскиот фестивал Скопје со дискусија посветена на годинешната фестивалска тема „Жените во медиумите“
Истражувачката новинарка Сане Терлинген од Холандија и Елиса Муњос, раководителката на Меѓународната медиумска фондација на жените (IWMF) ќе разговараат за позицијата на жените во медиумската сфера и предизвиците со кои се соочуваат новинарките денес.
Богатата фестивалска програма ќе биде презентирана онлајн на Фејсбук страниците на ПИНА и МФС, а македонската публика ќе има можност да проследи и низа филмски остварувања кои преку фестивалската платформа на Cinesquare.net на CutAway и сајтот mfs.mk ќе бидат достапни за времетраењето на Медиумскиот фестивал Скопје, од 5 до 8 октомври 2021 година, како и неколку дена по завршувањето на фестивалот.



