Промо
Електроакустичен концерт со музика на композиторката Ана Пандевска
На 8 октомври со почеток во 19 часот во Музејот на македонската борба ќе се одржи електроакустичен концерт со премиерна изведба на музика од композиторката Ана Пандевска, а во изведба на флејтистката и вокал Билјана Камчева.
Музиката е создадена во текот на 2021 година и содржи четири композиции со наслови: „Perseid meteor rain“, „Dystopian illusion“, „Seeking Peace“, „Butterfly Effect“.
Билјана Камчева е редок пример на млад музичар активен со два профили на изведба, како флејтистка и соло пејачка. Дипломира како студент на својата генерација (2015) и магистрира (2017) на ФМУ- Скопје, во класата на проф. Страшо Темков. Ректорот на УКиМ во 2015 г. и доделува посебна пофалница за постигнат најдобар успех во студирањето (флејта). Паралелно со студиите на одделот флејта, студира и на студиската програма за соло пеење во класата на проф. Марија Наумовска и дипломира во 2016 г. Во 2015 г. ја добива и стипендијата „Петар Стаматов“ која ја доделувa УКиМ на своите најуспешни студенти. На сцената на МОБ дебатира во 2016 година со улогата на Јенте во мјузиклот „Свирач на покрив“. Како концертен солист со оркестарот на МОБ настапувала во 2014 и 2016 г. Bo 2019 г. дебитираше во барокната опера “Дидо и Енеј” од Хенри Персел, во улогата на втората вештерка. Од 2019 година, Камчева е најмладиот почесен член на Фондацијата Томислав Зографски. Била дел од семинари и мастер часови со: Е.Пауд, Н. Конти, П. Данаилов, Г. Гучев, Љ. Јовановиќ, Л. Леваи Аскин, Д. Гавриќ, Е. М. Тонеман, Б. Превишиќ, И. Дурловски, К. Ш. Зупан… Во 2019 г. Камчева ја освојува втората награда на Меѓународниот натпревар Балканска Романсијадa, во Софија, Р. Бугарија. По натпреварот, доби покана да настапи на концертот “Ѕвезди на руска романса”, во Кремељскиот Дворец, во Москва, како претставник на Македонија. На концертот настапи заедно со рускиот тенор и флејтист со светска слава Алексеј Кудрја, под диригентската палка на Дмитри Дмитриенко. Во март 2020, Камчева настапи со оркестарот Симфониета Враца од Бугарија под диригентската палка на Маестра Николета Конти (Болоња, Италија). Во 2020 г. ја добива и првата награда на маѓународниот натпревар организиран од “Уметничкиот Центар Владимир Кудрја” од Москва, Русија, во категорија соло пеење. Активно настапува на концерти на фестивалите „Есенски музички свечености“ ДMM; „Охридско лето“; „Скопско лето“; како солист со Македонска Филхармонија; МОБ (2008, 2014, 2016) со камерниот оркестар „Солисти на ФМУ“; со Симфонискиот оркестар на ФМУ – Скопје, била дел од оркестарот F.A.M.E.’s-Film and music recording company како и од Ревискиот Оркестар при Македонската Телевизија. Била член на хорот “Драган Шуплевски”, на женскиот хор „Св. Злата Мегленска“, настапила на сцените во Москва, Рим, Фиренца, Софија, Белград, Приштина… М-р Билјана Камчева е вработена на позицијата хорист во Националната опера и балет, член е на Дувачкиот Оркестар на град Скопје како прва флејта и е член е на Хорот „Св. Климент Охридски“ при Соборниот храм во Скопје.




