Сцена
ПРВА ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА: Семејството на Кристијано Роналдо го „урна“ Инстаграм (ФОТО)
Девојката на моментално најдобриот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо, објави прва заедничка фотографија од целото семејство на социјалната мрежа Инстаграм.
На фотографијата која буквално ја „урна“ социјалната мрежа, за првпат на едно место можат да се видат Кристијано Роналдо, неговата девојка Георгина Родригез која неодамна се породи и на свет ја донесе Алана Мартина, најстариот син Кристијано Јуниор како и близнаците Матео и Ева.
Хит фотографијата за помалку од 20 часа доби преку 810.000 лајкови. Ова е првата слика од нив шестмина како семејство во претпразнична атмосфера во нивниот дом во Мадрид.




