МК Сцена
Раде и Каролина заедно со публиката ја пееја „Со маки сум се родила“ (ВИДЕО)
Сплет од емоции и интимна атмосфера на двата концерта на Раде Шербеџија кои овој викенд се одржаа во Македонската опера и балет.
Тој пред македонската публика уште еднаш го потврди талентот како пејач, поет и глумец, токму поради театралноста во неговиот настап, а на бината беше придружуван од групата „Западни колодвор“.
Причината за дводневниот концерт беше промоцијата на неговиот нов албум, но тој изведе и голем број од познатите песни и рецитали како „Не дај се, Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме “, „Имам пјесму за тебе“ и многу други.






