МК Сцена
Распродаден е концертот на светската атракција 2CELLOS во Скопје!
Речиси четири недели пред закажаниот термин за концертот на 2CELLOS (Ту Челос) во Скопје, влезниците се целосно распродадени!
Големиот интерес за овој музички настан беше очигледен од првото најавување на концертот, кој ќе се одржи на 4. декември во „Метрополис Арена“ во Скопје. Сите оние кои своите билети ги купија на време, на во „Метрополис Арена“ ќе можат да влезат од 19:30 часот, а маестралните 2CELLOS ќе излезат на бината во 20:30 часот.
Супергрупата од двајца, 2CELLOS на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоија целиот свет, доаѓаат во рамки на офф-програмата на годинашното издание на „Таксират“ фестивал. 2CELLOS со секој свој настап гарантираат незаборавно доживување и за оние со најпрефинет музички вкус, а во Скопје групата настапува прв пат и тоа во атмосфера и арена која најмногу доликува за спектаклот кој таа го приредува.




