Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Рекорден интерес за овогодинешното издание на Д Фестивал!

МК Сцена

Рекорден интерес за овогодинешното издание на Д Фестивал!

Специјалната онлајн акција РАН КОРМОРАН на Д Фестивал тукушто заврши и тоа со рекордна распродажба на првите билети за само 48 часа остварувајќи го историскиот максимум на фестивалот!

За само два дена распродадени се двојно повеќе од првично предвидениот број на влезници за оваа акција и покрај тоа што продажбата се спроведуваше исклучиво онлајн.

Овој резултат на продажбата во првиот промотивен период, која е двојно поголема во однос на истиот период претходните години, само го потврдува огромниот интерес на публиката за новото фестивалско лето во Дојран, но уште поважно и довербата која посетителите ја имаат во Д Фестивал стекната на претходните изданија, со секогаш квалитетна програма, повеќе музички бини, фестивалски камп и изобилие од настани во дополнителната програма типична за големите фестивали ширум светот, а единствена по својот концепт кај нас.

Новото фестивалско лето на Д ФЕСТИВАЛ годинава ќе се одржува од 14-ти до 16-ти јули во Дојран, а веќе во понеделник тимот на Д Фестивал најавува нови изненадувања за посетителите на годинашното издание! Време е за убави нешта! Придружете ни се во новите незаборавни летни доживувања на единствениот open-air фестивал кај нас!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.