Музика
РЕКОРДОТ Е СРУШЕН: 195.000 луѓе го посетија Егзит! (ФОТО)
Во текот на четирите фестивалски дена и ноќи, на Петроварадинската тврдина се случи вистинската Егзит магија која донесе неверојатни 195.000 посетители!
Последната ноќ е поместен рекордот за дневна посета на тврдината, дури 55.000 луѓе ги поминале магичните капии на Петроварадин и си го заземале местото пред главните бини, а забавата на последниот ден траеше до 8 часот во утрото.
Wiz Khalifa само го потврди статусот на најголем рапер на денешницата, со тоа што направи шоу само како што можат да направат артисти што се на врвот на нивната кариера, чија харизма во еден момент направи пауза за публиката да аплаудира и да го скандира неговото име скоро пет минути без престан!



















