Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ријана одби да настапи на „Супер боул“ и го поддржа Каперник

Музика

Ријана одби да настапи на „Супер боул“ и го поддржа Каперник

Поп-ѕвездата Ријана одби да биде главен изведувач на музичкиот спектакл, што традиционално се одржува на полувремето на „Супер боул“, изразувајќи му на тој начин поддршка на Колин Каперник, кој одби да биде ѕвезда на шоуто, изјави неименуван извор за магазинот „Ју-ес викли“.

– НФЛ и Си-би-ес сакаа Ријана да биде во фокусот во Атланта. Таа сепак ја одби понудата поради контроверзноста околу клекнувањето за време на изведбата на американската химна, рече изворот.

Каперник е првиот НФЛ-играч, кој во 2016 година одби да стои додека се интонира химната како протест против полициската бруталност. Оттогаш, поранешниот бек на „Сан Франциско“ е без ангажман во оваа лига.

Клекнувајќи за време на интонацијата на американската химна, иницирана од Каперник, ги подели САД на оние кои даваат поддршка на овој вид протест против расизмот и на противници, меѓу кои најгласен е американскиот претседател Доналд Трамп.

Наместо Ријана, на забавниот дел помеѓу двете полувремиња на финалниот натпревар на американската Национална фудбалска лига следната година ќе настапи групата „Марун 5“.

„Супер боул“ со децении е најгледаниот спортски настан во САД.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.