МК Сцена
Втор ден од осумнаесеттиот Моден викенд Скопје (ФОТО)
Вториот ден од Моден викенд Скопје започна со модната инсталација и перформанс од финалниот дел на проектот #sustainablestorymk , вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“.
На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа Емануела Трајческа, Сара Реџиќ, Ева Зарезанкова, Натали Наумова ,Радица Лазова, Катерина Димитровска, Мирјана Јосифоска и Дана Ќосева под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.







