Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Сцена

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да го глуми тајниот агент Џејмс Бонд. Актерот го играше Роб Старк во „Игра на тронови“.

Маден ја воодушеви публиката и со својата улога во серијата „Бодигард“ во која го игра наредникот Дејвид Буда, а ја импресионираше и американската продуцентка и „шефица“ на Џејмс Бонд, Барбара Броколи, која наводно се подготвува да му понуди голема улога.

– Изгледа Маден ќе ја добие работата. Не само што е на врвот на листата на Барбара, туку таа е подготвена да му ја понуди  улогата, изјави неименуван извор за британскиот весник „Сан“.

Ако тоа навистина се случи, Маден ќе ја надмине конкуренцијата која ја сочинуваат Идрис Елба, Том Харди и Џејмс Нортон.

„Актуелен“ Џејмс Бонд е Даниел Крејг, од кој се очекува да се повлече.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.