МК Сцена
Сѐ е подготвено за стартот на 37. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ го најавува почетокот на 37. издание, закажано за утревечер (сабота), во 20 часот, во Центарот за култура во Битола, со македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и на Данило Шербеџија.
Се работи за македонско-хрватско-финска копродукција. На утрешната свеченост на отварањето на црвениот килим очекуваме да биде легендарниот Раде Шербеџија, харизматичмните Луција Шербеџија и Силвија Стојановска, актерите Мико Ноусаинен, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдула, Аксел Мехмед.
А во Битола, на црвениот килим ќе прошета и младиот талент, 11-годишниот Давид Тодосовски, кој дебитира во главна улога во овој филм.





