МК Сцена
Сѐ е подготвено за утрешниот концертен спектакл на Шон Пол! (ФОТО)
Се е подготвено за најголемата забава ова лето!
Шон Пол, кој се очекува да пристигне во Скопје доцна вечерва, ќе пристигне заедно со огромна екипа – која подразбира бенд, техничка поддршка и, секако, тука се неговите „денсхол“ танчарки, чиј уникатен стил на танцување дополнително ќе ја загреат атмосферата.
Што се однесува до техничкиот дел и изгледот на сцената – ексклузивно ви пренесуваме фотографии од спектакуларната бина чија фронтална димензија е повеќе од 40 м. За потребите на овој концерт на бината ќе биде направена дополнителна конструкција на која ќе бидат сместени тапаните, клавијатурите и диџејот за во предниот дел да има што е можно повеќе простор за танчарките.





