Сцена
Сандра Булок му помага на бездомник да го отплати долгот (ВИДЕО)
Сандра Булок му помага на бездомникот Свенд Петерсон, чии пријатели покранаа кампања за собирање пари за тој да може да ги врати своите долгови.
Петерсон (89) важи за локална „легенда“ на Беверли Хилс. Тој со години работел како шеф на базен на луксузен хотел, но, како што тврдат неговите пријатели, поради измама на агенцијата за недвижности тој западнал во долгови и го изгубил покривот над главата.
Се случувало сп денови да не јаде ништо, а среќен е кога имал нешто да се напие. Затоа неговите пријатели и тие што го познаваат покренаа акција преку платформата ГоуФанМи.




