Шоубиз
Почина долгогодишниот партнер на Сандра Булок, три години се бореше со АЛС
Долгогодишниот партнер на Сандра Булок, фотографот Брајан Рендал, почина викендов на 57-годишна возраст.
Оваа вест за People ја потврди и неговото семејство.
„Со голема тага споделуваме дека на 5 август, Брајан Рендал почина мирно по 3-годишна борба со АЛС. Брајан избра да го чува во тајност неговото патување со АЛС и ние што се грижиме за него направивме сè што можевме за да го почитуваме неговото барање“ – стои во соопштението.





