Адријана Лима е бремена: Со забавно видео на TikTok ја објави веста
Бразилскиот супермодел и актерка Адријана Лима, одлучи да влезе во светот на TikTok, откривајќи им на своите фанови дека го чека своето трето дете уште во својата прва објава.
-Андре сака да ме плаши … насекаде – вака го започнува Лима (40) видеото, пред да сподели серија клипови кои ги прикажуваат различните моменти кога ја исплашил.
-Во маркет, во бањата, во музејот, во куќата, на одмор, пред излегување, во градината … и минатата ноќ!




