Актерот Алек Болдвин случајно усмрти и повреди членови на филмска екипа
Познатиот холивудски актер, Алек Болдвин, на снимањето на неговиот нов филм случајно ја застрелал и убил кинематографката Халина Хачинс и го ранил режисерот и сценарист Џоел Соуза.
Вистинска трагедија се случи за време на снимањето на вестерн филмот „Rust“ во Ново Мексико, кога 68-годишниот актер го користел реквизитот за снимање сцени и ненамерно испукал куршум или куршуми кон филмската екипа.
Сеуште не се познати детали и не се знае дали некој го наполнил пиштолот со вистински куршуми или дали лажниот куршум што се користи за снимање испукал заедно со остатоци од вистински куршум во цевката на пиштолот.




