Шоубиз
„Не сакам да зборувам за Душко, кога ќе заслужи ќе го спомнам“: Карлеуша со ќерките во Дубаи го прославува 44. роденден
Познатата балканска музичка ѕвезда Јелена Карлеуша денеска, 17 август, го прославува својот 44-ти роденден, а токму по овој повод ги спакува куферите и отпатува на луксузна дестинација со своите ќерки.
Јелена заедно со наследничките Атина и Ника заминаа во Дубаи каде ќе уживаат неколку дена.
Карлеуша снимила и како нејзините ќерки биле пречекани во луксузниот комплекс каде ќе бидат сместени за време на нивниот престој таму, потоа покажала торта во форма на буквата „Ј“, шампањ, како и погледот од милион долари.






