Шоубиз
Аријана Гранде официјално се разведе од Далтон Гомез
Аријана Гранде и Далтон Гомез официјално се разведени.
Пресудата на Врховниот суд во Лос Анџелес со која се прекинува нивниот брак од речиси три години, стана официјална денес, шест месеци откако 30-годишната поп-ѕвезда поднесе барање за развод од 28-годишниот агент за недвижнини.
Двајцата се разделија пред повеќе од една година, според судските документи. Тие имале предбрачен договор, немаат деца и немаа значителни правни спорови во разделбата, што им овозможи брзо и чисто движење низ судскиот систем.





