Шоубиз
Бјанка и Канје: „Не се разведуваме, ова е шести пат да лажете за тоа“
Таблоидите во Америка објавија дека раперот Канје Вест и архитектката Бјанка Ценсори се пред развод, неколку дена по скандалот што го предизвикаа на доделувањето на Греми наградите. Извори подоцна рекоа дека причината биле неговите антисемитски коментари на социјалните мрежи. Сепак, претставникот на раперот изјави дека гласините за развод се целосно лажни.
„Канје и Бјанка се во Лос Анџелес и заедно ќе уживаат во Денот на вљубените. Информациите за нивниот приватен живот ќе дојдат директно од нив, а не од неизворни таблоидни гласини“, изјави Мило Јанопулос за „The Hollywood Reporter“.
„Дали ова е петти или шести пат медиумите погрешно да пишуваат дека Канје и Бјанка се разведуваат? Се изгубив во броењето“, додаде тој.





