Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Видео што ги вознемири фановите – Мараја Кери без енергија на сцената

Шоубиз

Видео што ги вознемири фановите – Мараја Кери без енергија на сцената

Музичката ѕвезда Мараја Кери (55) неодамна одржа концерт во Лас Вегас, но снимките што се појавија на социјалните мрежи предизвикаа загриженост меѓу нејзините обожаватели.

Во видеата што кружат на интернет, пејачката настапува со видлив недостаток на енергија, бавно се движи и изгледа како да ѝ е тешко да оди. За време на настапот, додека нејзиниот танчер енергично изведуваше кореографија, Кери стоеше речиси неподвижно, што предизвика лавина од коментари.

„Добро ли е?“ „Дали нешто ја боли?“, „Загрижена сум за неа, не изгледа како порано“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи. Некои фанови дури ја споредија со нејзини постари колешки, велејќи дека „Шер на 77 години има повеќе енергија на сцена“ и „Мадона, која има 66 години, уште танцува како луда“.

Маркетинг

Ова не е првпат да се поставуваат прашања за физичката подготвеност на Кери, но досега таа не дала официјална изјава. Дали се работи за здравствени проблеми или само моментална исцрпеност, останува да видиме.

▶️ Погледнете го видеото и проценете сами!

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.