Бред Пит во тајна врска со својата сосетка?!
Бред Пит (58), по кого жените ширум светот воздивнуваат со децении, наводно повторно е зафатен. Срцето на актерот го „украла“ неговата сосетка, шведската пејачка Лики Ли (35), тврди Mirror.
Лики и Бред живеат во истиот дел од Лос Анџелес, на само неколку минути оддалеченост. Според пишувањата на странските медиуми, славните соседи се зближиле во последната година, а се шпекулира дека веќе некое време се во тајна љубовна врска.




