Шоубиз
Бритни го опиша абортусот во своите мемоари: „Цело време плачев, имав ужасни болки“
Пејачката Бритни Спирс (41) ги објави своите мемоари наречени „Woman In Me“ („Жената во мене“). Освен што во нив откри како забременила и ја прекинала бременоста за време на врската со Џастин Тимберлејк (42), сега појаснила дека токму тој и предложил да пие таблети за да ја прекине бременоста.
Пејачката, која тогаш имала само 19 години, вели дека ги пиела таблетите за абортус што и ги дал Џастин. Таа во своите мемоари детално го опишала процесот и чувствата кои ја обземале. Потсетувајќи се на процедурата, Бритни ја опиша физичката болка како „неподнослива“, како што пренесе Дејли Мејл. Таа објасни како Џастин и предложил да ги пие апчињата.
– Можеби ќе те боли малку, но ќе бидеш добро – ѝ рекол тогаш пејачот, а таа добила грчеви во стомакот откако ги испила.




