Шоубиз
Дуа Липа покажа како ги поминува празниците: Поради еден детал фановите мислат дека пејачката се верила за актерот Калум Тарнер
Дуа Липа неодамна на својот профил на Инстаграм сподели серија фотографии на кои се гледа како ги поминала празниците со семејството и нејзиното момче, британскиот актер Калум Тарнер. На една фотографија, фановите забележаа како пејачката носи дијамантски прстен на левата рака, што ги подгреа гласините за нивната свршувачка.
Според извори блиски до парот, 29-годишната пејачка се верила со 34-годишниот актер откако тој клекнал на колено и ја запросил на Божиќ.
