Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа: Први фотографии од интимната церемонија

Шоубиз

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа: Први фотографии од интимната церемонија

Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчаа викендов во Лас Вегас.

Актерот Бен Афлек (49) и латино дивата Џенифер Лопез (52) го кажаа судбоносното „да“ во Лас Вегас. После 20 години тие конечно успеаја да ја крунисаат љубовта со брак.

Според TMZ, двојката ја добила дозволата за брак во саботата на 16 јули во Невада.

Познатата пејачка ги сподели среќните вести на нејзиниот веб-сајт со долга емотивна изјава каде на крајот открива дека всушност го земала презимето на својот нов сопруг, а сподели и фотографии од интимната церемонија.

„Љубовта е убава. Љубовта е добра. И изгледа дека љубовта e трпелива. Дваесет години трпелива.

Токму она што го сакавме. Минатата вечер отидовме во Вегас, чекавме во редица за нашата брачна дозволува со уште четири други парови, и сите сме го поминале истото патување до светската престолнина на венчавките. Зад нас двајца мажи се држеа за раце.

Пред нас, млад пар кој поминал три часа возење на денот на вториот роденден на нивната ќерка – сите ние го сакавме истото нешто – светот да нè препознава како партнери и да ја покажеме нашата љубов кон светот преку древниот и речиси универзален симбол за брак.

Едвај стигнавме во капелата до полноќ. Останаа отворени уште неколку минути, ни дозволија да се фотографираме во розов Cadillac, наводно кој некогаш бил користен од самиот крал (Елвис Присли).

Па, со најдобрите сведоци што можете да ги замислите, фустан од стар филм и јакна од гардероберот на Бен, ги прочитавме нашите заклетви во малата капела и си ги дадовме прстените што ќе ги носиме целите наши животи.

Дури имаа и Блутут звучник за (краток) марш до олтарот. Но, на крај ова беше најдобрата венчавка што можевме да си ја замислиме. Венчавка за којашто со сонуваме многу одамна и венчавка која конечно стана реалност“.

Кога љубовта е вистинска, единственото нешто што е важно во бракот се ветувањето што си го даваме да се љубиме, да се грижиме еден за друг, да се разбираме, да бидеме трпеливи и добри еден кон друг.

Го имавме тоа. И многу повеќе. Најдобрата ноќ од нашите животи. Ѝ се заблагодарувам на капелата што ми дозволи да се пресоблечам во собата за пауза додека Бен се пресоблекуваше во собата за мажи.

Беа во право кога рекоа ’Сè што ти треба е љубов‘. Многу сме благодарни што ја имаме во изобилство, што имаме ново прекрасно семејство од пет неверојатни деца и живот кон кој гледаме со надеж.

Држете се доволно долго и можеби вие ќе го најдете најдобриот миг од вашиот живот во Лас Вегас во 12 и пол наутро, со вашите деца и личноста со која ќе ја поминете вечноста. Љубовта е прекрасно нешто, можеби едно од најдобрите нешта за коишто вреди да чекате.

Со љубов Г-ѓа Џенифер Лин Афлек“.

Тие двајцата се запознале во 2002 година на снимањето на филмот „Џигли“и нивната прва врска беше будно следена од папараците. Нивниот брак, планиран за 2003 беше одложен, пред да ја објават нивната разделба во 2004 година. Лопез зад себе има три брака. Таа беше мажена и со латино пејачот Марк Ентони, со кој има близнаци. Афлек беше во брак со глумицата Џенифер Гарнер, со која има три деца.

This slideshow requires JavaScript.

Повеќе од Шоубиз

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.