Шоубиз
Илон Маск стана хит на социјалните мрежи со фотографиите од одморот на Миконос
Милијардерот Илон Маск (51) деновиве се одмарал на островот Миконос во Грција со познати пријатели, а неговите фотографии од летувањето, предизвикаа лавина од коментари на социјалните мрежи.
Еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск, ја шокираше јавноста со својата бледа кожа додека пливаше во морето и уживаше на својата јахта. Корисниците на Твитер набрзо почнаа да коментираат за неговиот изглед
Многумина негативно ја коментираа неговата линија, но и бојата на кожата, па се прашуваат како му успева да има убавици покрај себе, кои се и по две децении помлади од него.




