Шоубиз
Петар Грашо стана татко: Се породи Хана Хуљиќ, девојчето ќе добие необично име
Петар Грашо (45) стана татко по првпат. Неговата сопруга Хана Хуљиќ (31) се породи во неделата (17.07) во болница во Сплит.
Познатиот хрватски пејач годинава се ожени со својата избраничка, четиринаесет години помладата Хана, а сега нивното домаќинство стана побогато за еден член. Претходно во медиумите беше објавено дека брачната двојка веќе избрала име за девојчето и дека ќе се вика Алба.
Бебето требало да пристигне на 23 јули, но се чини дека подранила неколку дена.




