Шоубиз
Ејсап Роки ѝ се фрли во прегратка на Ријана откако беше ослободен од обвиненијата
По три недели заврши судењето на популарниот музичар, а тој со емоции и на работ на солзи ја дочека пресудата.
Американскиот рапер A$AP Роки (36) беше прогласен за невин пред судот во Лос Анџелес, откако беше обвинет дека пукал во својот пријател. По пресудата тој се залета во прегратките на својата партнерка Ријана, која беше толку обземена од емоции што за малку ќе заплачеше.




