Фановите бесни на Лејди Гага: За кучињата нудеше половина милион, а затреланиот шетач сега моли за донации
Поранешниот шетач на кучиња на поп пејачката Лејди Гага пред неколку месеци беше застрелан при киднапирање на нејзините кучиња. Сега тој моли луѓе за пари за да има за живот.
Во февруари оваа година, за време на вечерната прошетка, француските булдози на Лејди Гага беа мета на киднапери. За време на грабнувањето нејзиниот шетач Рајан Фишер (40) бил затрелан неколку пати.
Кога пејачката дознала за грабнувањето понудила 500 илјади долари за нивно враќање. Кучињата по неколку дена биле предадени на полицијата без повреди, а подоцна биле приведени и пет личности кои учествувале во акцијата.





